Аудио

29 јуни, 2019

Ели Гоулдинг го претстави новиот сингл „Hate Me“

Британската ѕвезда Ели Гоулдинг веќе подолго време го подготвува својот четврт студиски албум, за кој сè уште не се познати многу детали, освен дека ќе ги содржи досега објавените синглови „Flux“ и „Sixteen“, а веројатно и минатогодишниот хит „Close To Me“. 32-годишната пејачка и авторка и понатаму не открива детали за претстојното издание, но затоа деновиве претстави уште еден нов сингл насловен едноставно „Hate Me“.

„Мрази ме, мрази ме, речи ми дека ме мразиш и дека можеш лесно да ме замениш“, пее таа во новата песна, во која гостува американскиот колега Џус Ворлд (Juice WRLD). Ваквите стихови многумина натераа да помислат дека песната му е посветена на поранешното момче. „Текстот е доста поразличен од другите мои песни, но забавно е да се пробуваат нови работи“, кусо изјавила таа, а како звучи сето тоа дознајте во продолжение.



Врати се горе ↑