Видео

27 јуни, 2019

Елеонора Мустафова стана Малиша, па тргна соло со „Теби се предајем“

Балканската публика допрва ќе слушне за нашата Малиша од Скопје. Таа сними песна на српски јазик и потпиша договор за соработка со продукциската куќа „Ај-ди-џеј тјунс“ (IDJTUNES). Песната носи наслов Теби се предајем и е во денс и модерен ритам.

Долго време чекав на овој проект, но на крајот се исплатеше, со мојот тим на соработници направивме одличен пакет кој верувам дека ќе ѝ  се допадне на публиката. Презадоволна сум од соработката со ’Ај-ди-џеј тјунс’, а исто така презадоволна сум и од видеоспотот кој го снимивме во соседна Бугарија“, вели Малиша која во понеделникот, на 24 јуни, пред новинарите ја промовираше песната и спотот.

Инаку Малиша е нејзино уметничко име, за тие што можеби не ја познаа, Малиша е Елеонора Мустафова, единственото девојче што го одгледа и ученичка на покојната кралица на ромската музика – Есма Реџепова. Таа исто така настапува и со „Esma’s Band Next Generation“, групата која предводена од уште едно дете на Есма, хармоникашот Симеон Атанасов го продолжува нејзиниот лик и дело, одејќи по нејзините стапки.

Ова е нејзината прва песна и видео, а како изгледа и звучи самостојното првенче на Малиша, дознајте во продолжение. Уживајте!

Извор: Вистина.мк



Врати се горе ↑