Македонија 15095519_1789402667989182_6853388671922215667_n

22 ноември, 2016

Елена Велевска станува поп пејачка?

Една од најпознатите фолк пејачки одлучи да премине во поп музиката. Имено, Елена Велевска периодов е затворена во студиото на Роберт Билбилов, со кого соработува за своите нови хитови, а првиот резултат од сето тоа ќе го носи насловот „Погледни ме за крај“.

„Сакав да направам некои промени во кариерата и поради тоа решив да соработувам со Роберт Билбилов, кој за мене направи неколку одлични аранжмани“, изјави пејачката за „Вечер“, додавајќи дека првата песна публиката ќе има можност да ја слушне веќе за две-три недели.

rb-ev                                                                       Фотографија: Ѕ. Павлески (Вечер)

„Песната е модерна и урбана и сигурна сум дека ќе биде хит. Текстот го напиша Огнен Неделковски и многу жени ќе се пронајдат во приказната“, додаде таа.

Ова е прва нејзина соработка со познатиот хитмејкер, за кого вели дека е одличен во тоа што го работи и дека му нема рамен. „Супер се разбираме, веднаш сфати што сакам и двајцата го дадовме максимумот од себе“, заклучи Велевска, која веќе следната недела ќе ја визуализира новата песна.

Насловна фотографија: Фејсбук 



Врати се горе ↑