13 декември, 2017

Елена Велевска „Срце бакшиш ќе ви даде“

По забележителниот настап и впечатливиот имиџ на годинашниов фолк-фест „Роса 2017“, фолк-пејачката Елена Велевска го промовира видеото за песната Срце бакшиш ќе ти дадам“Видеото всушност исечок, односно дел од проектот кој Елена го сними изминатиов период во соработка со „Ин продукција“, а се работи на новогодишно шоу со песни за душа.

срце бакшиш

Проектот е сниман со групата „Чардак“ и содржи единаесет одбрани песни, што би се рекло за мерак и весело расположение, особено за новогодишните и божиќните празници и како што вели пејачката, тоа ќе биде еден убав спомен кој ќе се гледа и ќе трае. Како изгледа и звучи „Срце бакшиш ќе ти дадам“ можете да видите и слушнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑