Видео елена велевска

10 февруари, 2017

Елена Велевска со песна за мајките

„Една е мајка“ е насловот на новата песна на Елена Велевска, која претставува ран осмомартовски подарок за сите мајки, но и роденденски подарок за нејзината мајка. „Во знак на благодарност на личноста која што секогаш е до мене кога ми треба било каква поддршка во животот. Сакав да ја изненадам и да ѝ подарам еден таков роденденски кој што досега и не го добила, а го заслужува“, изјави Елена, додавајќи дека сите мајки заслужуваат многу голема почит.

16683972_1831456937117088_9061646028589076973_n

„Песната ја работев со Гоце Костовски Пејак, снимена е во Прилеп во студиото ’Про-саунд’, кај Славко Ристески. Ова е едно освежување во мојата музичка кариера и ваков тип на песни навистина ми се потребни, бидејќи кога одам низ дијаспората секогаш сакаат песни поврзани со носталгијата која што ја чувствуваат врз своите родители кои се овде оставени“, додаде пејачката, која веќе започна и со снимање на видео запис, чија премиера би требало да се случи токму за 8 март.

Велевска, која во моментов е на мини турнеја во Швајцарија, новата песна ја промовираше на охридската „ИН телевизија“, а сето тоа можете да го погледнете и слушнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑