Видео

23 мај, 2018

Елена Велевска со песна ве води на „Крштевка“

Фолк-пејачката Елена Велевска деновиве повторно е актуелна со нова, овој пат наменска песна. По неколкуте нејзини песни од таков тип, како што се „Куме заиграј“ и „Невеста“, без кои не поминува ниту една свадба, овој пат Велевска испеа песна која е наменета за крштевање, па носи и таков наслов – Крштевка. Музиката и аранжманот се на Дејан Момировски, а текстот го напишала самата таа.

„Бидејќи често пеам на такви прослави и осетив потреба од таква тема да се испее. Со самата улога како што сум и родител на три дечиња, ми дојде идеја да направам текст за една ваква тема“, истакнува Елена, додавајќи дека се надева оти песната ќе заживее кај нејзината публика, бидејќи одамна се очекувало да подготви и една наменска тема, како што се „Куме заиграј“ и „Невеста“.

Затоа седнав го напишав текстот и останатото му го препуштив на Дејан Момировски. Задоволна сум од првите реакции на оние кои ја слушнале. Песната ја имаше својата телевизиската промоција, а деновиве ќе имам можност и во живо да ја изведам. Се надевам дека и оваа песна ќе биде успешна како и  предходните две наменски и публиката ќе ја прифати“, изјави деновиве Велевска за „Ин телевизија“, за која е снимено и промо-видео за изведбата на „Крштевка“.

Извор: Вистина.мк



Врати се горе ↑