5 март, 2017

Елена Велевска порачува: „Една е мајка“

Популарната пејачка Елена Велевска годинава имаше ран осмомартовски подарок за сите мајки, а нејзината песна „Една е мајка“ особено ја расплака дијаспората.

„Во знак на благодарност на личноста која што секогаш е до мене кога ми треба било каква поддршка во животот. Сакав да ја изненадам и да ѝ подарам еден таков роденденски кој што досега и не го добила, а го заслужува“, изјави пејачката претставувајќи го овој роденденски подарок за нејзината мајка.

Иако екранизацијата беше најавена токму за 8 Март, видеото е веќе објавено на нејзиниот официјален канал на Јутјуб, а како изгледа сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑