Видео

12 јули, 2019

Елена Велевска побогата со уште една диплома

Иако има и повеќе од успешна кариера, Елена Велевска постојано вложува во себе и продолжува да се гради како уметник, а доказ за тоа е и најновото признание што го доби деновиве.

„Вечерва побогата со уште една диплома на ’Семинарот за соло-пеење’ во Струга. Секоја чест за прекрасните Лиле Булоска и проф. Марија Муратовска и за извонредните девојки кои ја направија оваа вечер незаборавна. Музиката е мојот живот“, напиша пејачката споделувајќи ја веста на социјалните мрежи со фотографија и кусо видео од доделувањето на дипломите.

Gepostet von Elena Velevska am Donnerstag, 11. Juli 2019

 

„За да направиме од нас пример од кој ќе учат идните генерации треба многу труд, љубов, храброст, толеранција, баланс, смиреност и најмногу амбиција, затоа што човек може секогаш повеќе од она што е. После ова, за мене музиката има друга димензија“, заклучи Велевска.

Таа последно беше актуелна со темата „Во срцето на Балканот“, а што ќе подготви со новостекнатото знаење од семинарот во Струга, ќе дознаеме наскоро.



Врати се горе ↑