29 март, 2017

Елена Велевска конечно ја екранизираше „Погледни ме за крај“

Елена Велевска деновиве конечно ја претстави долгонајавуваната екранизација на темата „Погледни ме за крај“, која премиерно ја претстави на самиот почеток на годинава. Песната е резултат од нејзината прва соработка со хитмејкерот Роберт Билбилов, кој е автор на музиката, аранжманот и продукцијата, а стиховите се дело на текстописецот Огнен Неделковски. За визуализацијата на „Погледни ме за крај“, пак, се погрижи екипата на „Томато продукција“, а како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.

Инаку, на крајот од минатата година, Велевска започна соработка со бугарската продукција „Пајнер“, па првиот резултат од тоа е дуетот со колегата Борис Дали, темата „Ќе си моја“, кој деновиве беше објавен на официјалниот канал на „Планета“.



Врати се горе ↑