27 јули, 2014

Елена Велевска ја претстави својата „Лоша копија“

Песната „Лоша копија“ со која Елена Велевска настапи на „Роса Фест“, деновиве доби и свое видео издание. Соодветно за летната сезона, видео записот се снимаше покрај вода, односно во Охрид, а како изгледа сето тоа можете да видите горе. Како и останатите колеги од естрадата, пејачката има работно лето исполнето со настапи. Таа во јуни одржа концерт во Турција, каде што ќе продолжи да ја освојува публиката и во септември кога ја очекува едномесечна турнеја.

 



Врати се горе ↑