Видео 15873082_1811671762428939_6741909145084659103_n

4 јануари, 2017

Елена Велевска ја претстави „Погледни ме за крај“

Познатата пејачка Елена Велевска од неодамна и официјално е дел од бугарската продукциска куќа „Пајнер“ и телевизијата „Планета“, во чија новогодишна програма премиерно ја претстави својата нова песна насловена „Погледни ме за крај“. Станува збор за нејзината прва соработка со хитмејкерот Роберт Билбилов, кој е автор на музиката, аранжманот и продукцијата, а стиховите се дело на Огнен Неделковски.

 

Во неодамнешен разговор со „Бекстејџ“, пејачката откри детали за соработката со „Пајнер“, како и за плановите за 2017 година. „Со ’Пајнер’ потпишав договор за пет години и се надевам дека тоа ќе придонесе за реализација на она што сум го замислила како музичка кариера во иднина“, рече таа, додавајќи дека повеќе се пронаоѓа на тамошната сцена, бидејќи во Македонија немаме соодветна фолк сцена каква што заслужуваме.

Нејзините ангажмани во Бугарија започнуваат веќе од февруари, а како прв чекор пејачката ќе сними дует со Борис Дали. Целиот разговор можете да го погледнете овде.

Покрај новата песна, која наскоро ќе добие и видео запис, Велевска ги израдува своите обожаватели и со празнична фотосесија изработена од Дарио Јанковиќ, а дел од фотографиите можете да погледнете во продолжение.



Врати се горе ↑