Македонија gavazova-velevska

8 март, 2013

Елена Велевска и Сузана Гавазова повторно заедно

Веќе подолг период низ медиумите се провлекува дека Елена Велевска и Сузана Гавазова не се во добри односи, не разговараат, но и покрај тоа тие две во ноември ќе заминат на заедничка турнеја во Австралија.

„Точно е, минатата недела ги потпишавме договорите, во месец ноември, некаде на почетокот околу 7-ми треба да ни започнат концертите. Ќе бидеме таму пет недели, нè носи организатор од Перт. Ми се чини дека после сите оние натписи во жолтиот печат, повеќе работата беше напумпана, новинарите бараа сензација за да имаат што да пишуваат. Ние никогаш не би се довеле во ситуација да си ги вадиме очите, но народот повеќе сака да гледа сеир, отколку успех. Така што би рекла дека не сме во лоши односи со Сузана Гавазова. Ние сме едни од најуспешните на фолк сцената, имаме работа, си ја вршиме функцијата на естрадни уметници. Ако наиде на некој непријатен муабет то е напумпано од страна и е далеку од вистината.” – одговори Велевска.

Во врска со ова, и одговорот на Сузана Гавазова е сличен: „Убава изјава дала Велевска, да не се повторувам, точно е дека ќе одиме заедно во Австралија, мило ми е и убедена сум дека ќр направиме вистински бум. Јас и Елена долго време работевме заедно во Струмица, знаеме што може да биде, кога јас и таа ќе застанеме на сцена и затоа ни дојде на таква идеја да одиме заедно на турнеја.” – изјави Гавазова .

Им посакуваме успешна турнеја!



Врати се горе ↑