Македонија 1381180_611251312264571_137375873_n

28 октомври, 2013

Елена Велевска го прослави нејзиниот 33-ти роденден

Елена Велевска синоќа го прослави 33-от роденден со своето семејство: „Ова е голем и значаен ден за мене, бидејќи ги наполнив Исусовите години. Како голем верник сакав да го одбележам овој датум како успех на сè што Бог ми подари досега: здравје, кариера, слава, среќен брак, три деца и што повеќе да посакам? Мојата среќа ја посакувам секому. Во потесен круг, зачинето со староградска музика и вино прославивме со сопругот и дечињата. Најмногу се израдуваа Софија и Марко, бидејќи со нетрпение ја очекуваа роденденската торта. На професионален план снимив една староградска песна за која деновиве снимаме спот и две модерни, од кои едната ќе ја пеам на Роса фест, кој ќе се одржи на 29-ти ноември во Универзална сала, Скопје.“ – ексклузивно изјави Велевска за ЕстрадаПлус.



Врати се горе ↑