27 октомври, 2017

Елена Велевска е „Недостапна за тебе“

Елена Велевска ја промовираше својата нова песна насловена „Недостапна за тебе“, која беше претставена заедно со својата визуализација. Популарната пејачка вели дека е недостапна за оној кој го заслужил тоа и додава дека сите луѓе имаат моменти, периоди и личности за кои во одреден момент треба да се недостапни.

„Да ви кажам искрено сигурна сум дека сите ние имаме моменти, периоди, па и личности за коишто треба одреден момент да сме недостапни. Така што знам дека мојата публика ќе се пронајде во овој наслов и секогаш ќе знае да поздрави некоја личност со ’Недостапна за тебе’. Знаеме сите да исклучиме телефон, да не креваме кога не сакаме на некого и така си се наоѓаме низ песните, ги посветуваме и тоа е тоа“, вели Елена.

Видеото за оваа песна се снимаше во студиото на продукцијата „Ин“ во Охрид, а Елена е презадоволна од соработката со нив. „Мене ми е драго што секогаш ми излегуваат во пресрет ИН ТВ, и без тоа тие ми се мојот втор дом тука во Охрид и многу ми е практично да соработувам со нив, многу лесно се разбираме, брзо го остваруваме нештото кое сме го наумиле, така што таа соработка се гледа, публиката нè сака, ги сака нашите остварувања“, додаде таа, а како звучи и изгледа нејзиното најново музичко парче можете да слушнете и видите горе. Уживајте!



Врати се горе ↑