Македонија 960128_10201465106729795_1929697433_n

28 август, 2013

Елена Велевска е најбараната фолкерка во Македонија

Неодамна нашата најпозната фолкерка Елена Велевска стана мајка по трет пат, но за неа нема одмор! И покрај обврските што ги има околу трите мали деца, таа постојано е на настапи што ги имаше закажано уште пред да се породи. Мора да се признае дека мајчинството ѝ прилега убаво, а факт е тоа што нејзиниото тело изгледа совршено и е во топ форма без да се занемари неодамнешното породување. Како што изјави Елена за Естрадаплус, енергијата и желбата да ја врши беспрекорно својата работа ја црпи од децата кај кои изморена се враќа после настапите, но пречекана со нивната слатка и прекрасна насмевка таа заборава на уморот и се враќа на мајчинската обврска.

Иако секојдневието ѝ е исполнето со обврски, таа сепак наоѓа време за снимање песни и наскоро најавува премиера на нова хит песна која ќе добие спот под водство на екипата од ЕВ Продукција од Охрид. Елена е единствена пејачка која покрај улогата на мајка перфектно си ја извршува и работата со музиката, а нејзината екипа од соработници работи на неколку нови песни со кои Елена ќе ја збогати македонската архива на народни песни. И покрај тоа што денот и е ноќ, а ноќта –ден, таа и понатаму останува најбараната ин фолкерка во Македонија, но и надвор од неа. За идната година најавува турнеја во Австралија каде што секогаш е добредојдена, но најавува и пријатни изненадувања за своите обожаватели.



Врати се горе ↑