Балкан

4 февруари, 2019

Елена Ристеска во дует со Данијела Кариќ за „Срца се погреше“

Елена Ристеска деновиве го претстави дуетот со својата српска колешка Данијела Кариќ, која се враќа на музичката сцена токму со темата насловена „Срца се погреше“. Авторка на новата песна е Александра Милутиновиќ, со која Ристеска соработува веќе подолго време, а аранжманот и продукцијата се на нашиот Дарко Димитров.

View this post on Instagram

Едвај чекам да ја чуете песната 🙂 во дует со мојата драга пријателка и колешка од Србија, Данијела Кариќ @danijelakaric “Срца се погреше” напишана од @sarah_composer и @darkodimitrov 🙏❤️🍀🤗😍 И посебно благодарам за мојот другар и невиден танчар и кореограф @ivanmileusnic кој не’ спои, и исто така е дел од спотот… #Repost @danijelakaric with @get_repost ・・・ Pesma i spot koji smo dugo pripremali stižu uskoro! Srećna sam što sada mogu da vam otkrijem da je u pitanju saradnja sa mojom dragom @elenaristeska_era. Naš duet "Srca se pogreše" izlazi ove nedelje. Jeste li uzbuđeni kao i ja? ————————————————— #srcasepogrese #danijelakaric #elenaristeska #music #newproject #musicvideo

A post shared by ELENA RISTESKA ARTIST (@elenaristeska_era) on

Интересно е тоа што иницијатор за оваа соработка бил танчерот Иван Милеусниќ, кој воедно е и свршеник на Данијела, а се појавува и во самото видео заедно со едни од најдобрите балетани во Србија – Нина Булајиќ, Олга Олчан, Милан Рус и Игор Грабовиќ.

Режисер на видеото е Милош Шаровиќ, а како изгледа и звучи оваа соработка на Елена и Данијела дознајте во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑