Видео

29 октомври, 2018

Елена Ристеска со нова емотивна балада „Снаге за крај“

Иако помина повеќе од една година од објавувањето на нејзиниот последен сингл „Текила и лимон“, Елена Ристеска изминатиов период паралелно работеше на повеќе проекти, а меѓу најавените песни се најде и подарокот од нејзиниот црногорски колега Сергеј Четковиќ, чиј потпис стои на музиката и текстот на баладата насловена „Снаге за крај“.

Објавена на каналот на издавачката куќа „Меџик рекордс“, новата песна ја продуцираше нејзиниот долгогодишен соработник Дарко Димитров, а сето тоа е заокружено и со видеоприказна дополнета со танчерите од „Битрикс кру“Ивана Балабанова, Леонардо Хусеини, Ана Марија Темелковска и Мартин Атанасовски, како и нејзиниот стилист Даниел Николовски и водителот Ване Маркоски.

 

Како што споменавме, ова е само мал дел од она што допрва нè очекува од популарната пејачка и авторка, а како звучи и изгледа „Снаге за крај“ дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑