Македонија

12 декември, 2018

Елена Ристеска со фотографии го најави новото видео снимено во Мајами

Елена Ристеска периодов е актуелна со баладата „Снаге за крај“, но таа е само една од многуте песни на кои работеше во текот на годинава. Имено, популарната пејачка и авторка летово двапати отпатува во САД, каде што оствари соработка и со славниот колега Дуке Бојаџиев, а сними и видео за една од новите песни на англиски јазик.

Како што откри неодамна, снимањето се одвиваше во Лос Анџелес и Мајами, а деновиве сподели и неколку фотографии токму од Мајами, каде што позира на песочните плажи облечена во бело.

View this post on Instagram

#miami 🌴#inlovewithlife

A post shared by ELENA RISTESKA ARTIST (@elenaristeska_era) on

Сè уште не е познато за каква песна станува збор, односно дали ќе биде уште една емотивна балада или пак некој разигран хит, па се надеваме дека сето тоа ќе го дознаеме наскоро.



Врати се горе ↑