Македонија

18 октомври, 2018

Елена Ристеска сними песна со Дуке Бојаџиев

„На професионален план ’стрелам со сите куршуми’“, вели Елена Ристеска во неодамнешен разговор со „Убава.мк“, откривајќи ги бројните планови чии резултати ќе ги дознаваме во периодот што следува. Популарната пејачка и авторка соработува со повеќе луѓе од музичкиот бизнис од Македонија и од странство, бидејќи, како што вели, „никогаш не знаете што и кога ќе успее“.

„Најубаво се чувствувам кога приватното патување ќе го искористам да снимам нешто професионално или ќе остварам некаква средба која ќе ми донесе работа во иднина. Така беше и со Америка, во Њујорк снимавме со Дуке Бојаџиев една песна, која се надевам наскоро ќе ја чуете.“

Working with the legendary @dukebojadziev is always a pleasure, i can’t wait to finish what we started few days ago… #today #studioday #workworkwork #newyork #newsong #newmusic #newproject #newvibe

Gepostet von Elena Risteska am Donnerstag, 13. September 2018

 

„Имав состанок и со мојот руски музички соработник и менаџер Кирил од ’Ефектив рекордс’, со кој се договоривме за идните песни кои ќе ги објавиме, а се веќе снимени, воедно дискутиравме и за спотот кој треба за едната од нив да се снима во Мајами и Лос Анџелес“, открива Ристеска, додавајќи дека разговарала и со американски менаџерски тим за издаваштво и продажба на нејзините идни песни на англиски јазик.

Tengo la camisa negra… ❤️😍🤗#tengolacamisanegra @juanes in the studio performing live today… #newyork

Gepostet von Elena Risteska am Donnerstag, 13. September 2018

Со популарниот колумбиски музичар Хуанес

Што се однесува на домашниот и регионалниот терен, наскоро се очекува и песната „За крај“, која е подарок од колегата Сергеј Четковиќ, за која видеото е готово, а ја снимил и аранжирал Дарко Димитров. Исто така, покрај повторните гостувања во Чикаго и Мајами што се планирани за крајот на овој и почетокот на следниот месец, пејачката во Белград ќе снима видео за дуетската песна со колешката Даниела Кариќ.

„Песната ја напиша мојата драга пријателка и соработничка Александра Милутиновиќ, авторката на ’Доживотно’, а ја снимаше и аранжираше Дарко Димитров“, заклучи таа, нагласувајќи дека ова се само дел од плановите.

Фотографија на Elena Risteska.

Новите проекти доаѓаат по минатогодишниот сингл „Текила и лимон“, кој наиде на мошне измешани реакции од публиката, а во меѓувреме Елена продолжува да пишува стихови и за своите помлади колешки, како што е Лина Пејовска и актуелната евровизиска претставничка Марија Спасовска, која на детската верзија од популарниот европски фестивал ќе се претстави со темата „Дома“, потпишана токму од Дарко и Елена.



Врати се горе ↑