Македонија

7 мај, 2018

Елена Ристеска сними дует со руски рапер

Во дует со познатиот руски рапер Кирил од „Ефектив рекордс“, Елена Ристеска ја сними песната „Bitcoin & Gold“. Таа неодамна се врати од Москва, каде што беше на покана на нејзиниот руски колега и е презадоволна од тоа како поминала промоцијата на дуетската песна во Русија.

„Промоција на песната направивме во Москва, на еден од најголемите хип-хоп фестивали ’Мејдеј’, кој традиционално се одржува секоја година на 1 мај, и најчесто го посетува околу 100.000 публика“, изјави Елена за „Женски магазин“, додавајќи дека ова нема да им биде единствена соработка, бидејќи имаат уште неколку заеднички песни.

#mayday #hiphopfestival #moscow #russia #luzhnikistadium @effectiverecords

A post shared by E L E N A ♥️🎵 (@elenaristeskaofficial) on

#mayday #moscow #russia #hiphopfestival

A post shared by E L E N A ♥️🎵 (@elenaristeskaofficial) on

Раперот на чија песна гостува е и нејзин менаџер надвор од Македонија, односно во повеќе земји го промовираше сè уште актуелниот хит „Tequila And Lemon“, чиј ремикс го направи руското диџејско дуо „Беверли пилс мјузик“.



Врати се горе ↑