Македонија 314271_10151224210664871_1793795607_n

27 декември, 2012

Елена Ристеска обележува 10 години кариера

Поминаа точно десет години откако 16 годишната средношколка победи на првиот избор на таленти „М2 Потрага по ѕвезда“ во 2002 година. Денеска веќе значаен дел од македонското музичко небо, Елена Ристеска зад себе има два албума на македонски јазик (Ден и Ноќ, 192) и еден на српски (Милионер), како и неколку компилациски изданија. Оваа 2012 година, иако со подолга пауза, беше доста успешна за Елена. Покрај тоа што го додаде и презимето Ивановска, Елена се врати со нов имиџ, успешен сингл и видео запис за „Опасно време“, како и одличната балада „Не лажи ме“, со која се претстави на Скопскиот Фестивал. 

„Десет години брзо поминаа“ – напиша Елена на нејзиниот фејсбук профил, каде што со неколку фотографии потсети на неколку моменти од нејзината децениска кариера; нејзиното деби во 2002 година, промоцијата на првиот албум „Ден и ноќ“, нејзиниот настап на Евровизија во Атина во 2006 година, каде што благодарение на нејзиниот хит „Нинанајна“ Македонија го доби највисокиот пласман со освојување на 12-то место, потоа промената на имиџот во рокерски стил за видео записот за „Доста“ во 2010 година, како и сегашниот имиџ за „Опасно време“.

Следната година, нејзините фанови ќе ги изненади со нов албум кој веќе се снима во студио „Димитрови“.



Врати се горе ↑