Видео 1620972_792414814147997_6911236281959747264_n

14 октомври, 2014

Елена Ристеска како Северина во „Твоето лице звучи познато“

Како што Ви пренесовме неодамна, Елена Ристеска е претставникот на Македонија на големото балканско и светско шоу „Твоето лице звучи познато“. Во следните 3 месеци ќе имате можност да ја гледате на телевизија „Сител“, секоја недела во различна улога, имитирајќи славни балкански и светски ѕвезди, а покрај хуманитарниот карактер на шоуто, една од главните цели е да Ве насмее и забавува. Ќе имате можност да гласате за Елена во полуфиналето и се надеваме во финалето на ова шоу. За нејзиниот прв настап викендов Елена се појави во улога на познатата хрватска дива Северина Вучковиќ, изведувајќи го нејзиниот голем хит „Уно моменто“, а како изгледаше сето тоа можете да погледнете овде.

Елена изјавила дека прифати да учествува во шоуто заради тоа што е голем предизвик за неа: „Многу тешко ја донесов одлуката, но на крајот прифатив затоа што сфатив дека тоа е навистина голем предизвик. Кога гледате од другата страна на телевизорот, мислите дека е лесно, но тоа не е така лесно. Јас во овој момент треба да бидам фокусирана на три нешта – глума, пеење и движење за да ја исполнам својата задача“, рекла пејачката.



Врати се горе ↑