Видео

30 март, 2019

Елена Ристеска ја претстави соработката со рускиот рапер Кирил

Елена Ристеска го претстави дуетот со својот руски колега Кирил, со кого започна да соработува минатата година. Станува збор за песната насловена „Superstar“, чија музика ја потпишува Дарко Димитров, а стиховите се дело на самиот Кирил алијас Кеј-Ди-Ди-Кеј (KDDK). Сето тоа стигна спакувано со видео што се снимаше во Мајами и за кое се погрижи Дејан Димковски, а за изгледот на Елена се погрижи Дани Димковска.

Ова е втора песна и втора соработка за Ристеска годинава, а доаѓа по дуетот со српската колешка Данијела Кариќ за темата „Срца се погреше“, која наиде на одличен прием кај публиката во регионот. Двете песни се само дел од она што го подготвува популарната пејачка, вклучувајќи ја и песната што ја сними со маестралниот Дуке Бојаџиев, за која се надеваме дека ќе имаме можност да ја слушнеме наскоро.

Како звучи и изгледа оваа прва соработка на Елена и Кирил дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑