Македонија

9 јануари, 2019

Елена Ристеска ја најави својата „Суперѕвезда“

„Superstar“ е насловот на новата песна на Елена Ристеска, чие видео пејачката го снимаше во Мајами, а премиерата се очекува наскоро. Од кусиот извадок објавен на социјалните мрежи, можеме да видиме дека станува збор за дует со рускиот рапер Кирил, со кого ја започна соработката уште минатата година, а означен е и нејзиниот долгогодишен соработник Дарко Димитров, кој веројатно се погрижил за продукцијата.

Ристеска периодов е актуелна и со баладата Снаге за крај“, како и со возобновената божиќна песна „Небо и земја“, која ја сними со дел од колегите од македонската сцена, а додека ја очекуваме премиерата на новата „Суперѕвезда“, како ќе звучи и изгледа сето тоа ѕирнете во продолжение.



Врати се горе ↑