Македонија Boki 13

30 октомври, 2012

Елена Ристеска и Дарко Димитров го тужат Боки 13

Вчера, во Основниот Суд 1 во Скопје, започна судскиот процес во кој пејачката Елена Ристеска и Дарко Димитров го тужат Боки 13 за изјава која тој ја дал пред неколку години дека тие двајца се во врска. Но, според она што Боки го напиша на неговиот фејсбук профил, Елена и Дарко воопшто не се појавиле во судницата за да се соочат со него.

Боки на неговиот профил им посветил цел еден текст во кој им се заканува на Ристеска и Димитров дека ќе направи сè што е во негова сила за да докаже дека е во право. Во продолжение погледнете што има порача Боки на тужителите.

Денеска бев на судење. Јас како тужена страна, а како тужители Елена Ристеска и Дарко Димитров!!! Како што е редот, стасав на време, го испив утринското кафе, дојде мојот стручен тим кај мене дома, ме исфенираа, ме дотераа и правец на суд… и што да видам таму???

Тужителите ги нема, се исплашиле, доживеале болка, преживеале стрес и сега бараат пари. Да не беше жално, ќе беше смешно!

Тужен сум за клевета, конкретно за мојата спорна изјава дека Е.Р. и Д.Д. се во врска и дека се „дрндаат“ и дека девојчето е неталентирано и дека Д.Д. е лигав… и што е спорно во оваа моја изјава, хахаха, ама баш ништо… не знам зошто толку се вознемирија кога ја слушнаа вистината, па дури и ме тужеа за вистина?!?!?!

Но, нема врска. Сум издржал јас и полоши работи… еее сега зошто сте толку големи мангупи и сакате да си играте, нема проблем, отсекогаш сум бил за добра игра и забава, па баш поради тоа јас лично ќе се потрудам со сите свои сили да ги докажам и аргументирам сите свои зборови за кои сум тужен и осудуван!!!



Врати се горе ↑