Балкан хари елена

7 март, 2017

Елена Ристеска гостинка на Хари Мата Хари во Белград

Елена Ристеска ќе му биде специјална гостинка на Хари Мата Хари на концертот во Белград, кој ќе се одржи на осми март, во „Сава центар“. Македонската поп-ѕвезда во дует со босанскиот пејач и композитор ја пее песната Још ме плашиш. На белградскиот концерт на Денот на жената, посветен на дамите, Елена и Хари премиерно ќе ја испеат песната во живо. Гостинка ќе биде и српската поп-пејачка Јелена Томашевиќ, која, исто така, има снимено дует со Хари.

Спотот за „Још ме плашиш“ почна да се снима минатото лето во Скопје, а се доврши минатиот месец во Белград. Наскоро се очекува негова промоција.  „Десет години чекав да снимам дует со Елена“, изјави Хари за „Вест“, лани на снимањето на спотот во Скопје.  Двајцата пејачи се познаваат од Евросонг во 2006 година, во Атина, кога Елена за Македонија ја пееше „Нинанајна“, а Хари за Босна и Херцеговина – „Лејла“.

Извор и фотографија: Вест



Врати се горе ↑