Македонија 10273955_10153778152824871_2939112134819135585_n

29 декември, 2015

Елена Ристеска го промовираше новиот албум „Без шминка“

Вчеравечер, во клубот „Станица 26“, Елена Ристеска го промовираше својот нов албум „Без шминка“, на кој се сместени неколку нови песни (насловната „Без шминка“, „Немаш право ти да ми судиш“, „Како да се радувам“, „На крај на свет“ и „Веѓи“), но и постари, веќе познати хитови како што се „Што си ти“, „А можевме“, „Доживотно“, „Доста“, „Опасно време“, „Сакам по добро да те памтам“, „Не лажи ме“ и „Најдобро до сега“. На новиот материјал работеа нејзиниот долгогодишен соработник Дарко Димитров и српската авторка Александра Милутиновиќ.

На вчерашната промоција присуствуваа и бројни колеги од музичката сцена, меѓу кои Каролина Гочева, Тамара Тодевска, Роберт Билбилов, Гаро Тавитјан, Панчо од ДНК, Зоран Џорлев и многу други, а дел од атмосферата можете да погледнете во галеријата на Телеграф.

 

 



Врати се горе ↑