Македонија Elena-Slavisa-Spot

1 ноември, 2012

Елена Ристеска го промовира новиот спот

На  5-ти Ноември во 12 ч. во кафетеријата “Драма“ на Улица Македонија (спроти ресторанот Пелистер) ќе се одржи промоцијата на  видео спотот за најновата песна на поп пеjачката Елена Ристеска – “Опасно време“ со која по едногодишна апстиненција, Елена супериорно се враќа на сцената во до сега невидено издание.

Видео клипот е различен од сето досега видено од Елена како видео продукција и е всушност “краток игран филм“ во режија на младиот автор Даниел Јовески. Покрај главната “хероина Елена“, во спотот играат и професионалните актери Славиша Кајевски и Нино Леви. Спотот се снимаше на дваесеттина локациии во Скопје и Охрид во период од една седмица.
Песната  “Опасно време“ е снимена во студиото “Димитрови“, автор на музиката, аранжман и продуцент е Дарко Димитров, а текстот е заедничко дело на Мирко Попов од ПМГ и Елена Ристеска.



Врати се горе ↑