2 јуни, 2015

Елена Ристеска го претстави новиот сингл на „Х фактор“

Иако извесно време паузираше од музичката сцена, Елена Ристеска конечно нè израдува со нова песна! Како што и доликува на секоја балканска ѕвезда, пејачката вчера премиерно го претстави својот нов сингл во живо, на сцената на „Х фактор“. Станува збор за темата насловена „Доживотно“, чиј автор е Александрa Милутиновиќ, а аранжманот го направи Дарко Димитров.

Песна е мошне емотивна и кога прв пат ја слушнав, ме остави без здив. Направивме две верзии, на поранешен југословенски и на македонски јазик. Чест ми е што гостувам на ’Х фактор’, и приватно многу сакам емисии од овој тип, бидејќи пред 13 години и самата победив на сличен натпревар во Македонија и така започна мојата кариера“, изјави Елена пред вчерашниот настап на „Х фактор“, кој Ве очекува горе, а во продолжение слушнете ја и македонската верзија на песната.

И.Ј.

 



Врати се горе ↑