Македонија 10304504_10152689186204871_4394268121175855988_n

3 октомври, 2014

Елена Ристеска е македонскиот претставник во емисијата „Твоето лице звучи познато“

Елена Ристеска е претставникот на Македонија на големото балканско и светско шоу „Твоето лице звучи познато“. Во следните 3 месеци, почнувајќи од 12 октомври ќе имате можност да ја гледате на телевизија „Сител“, секоја недела во различна улога, имитирајќи славни балкански и светски ѕвезди, а покрај хуманитарниот карактер на шоуто, една од главните цели е да ве насмее и забавува. Ќе имате можност да гласате за Елена во полуфиналето и се надеваме во финалето на ова шоу, пишува во соопштението на официјалната фан страница на пејачката.

Последното што можевме да го слушнеме од Ристеска-Ивановска е прекрасната балада „Што си ти“, со која настапи на минатогодишниот Скопски фестивал, а како изгледаше сето тоа можете да се потсетите во продолжение.

 



Врати се горе ↑