Македонија elena--1200x675

7 октомври, 2017

Елена Ристеска: „Да бев полабилна, ќе помислев на самоубиство!“

„По сè што прочитав за мене и за новата песна на социјалните мрежи, да бев полабилна, ќе помислев на самоубиство“, рече Елена Ристеска во неодамнешен разговор со „Репортер“ за фамата што се крена по објавувањето на видеото за новата песна. „15 години сум на сцената, го поминав ова и со ’Нинанајна’ кога требаше да оди на ’Евросонг’. И тогаш се крена фама, а песната имаше голем успех, плус е препеана на неколку јазици“, раскажа таа.

„Tequila & Lemon“ е песна правена по нарачка на руски менаџер и не било планирано да се пушти во Македонија. Сепак, Елена инсистирала прво да се промовира на домашен терен, а откри дека и освен верзијата со Емина Јаховиќ, наскоро ќе снима и шпанска верзија, по што треба да потпише договор со шпанската продуцентска куќа „Сони“.

„Овде, кај нас, ми е како тест-нација. Сè што не поминало добро тука, поминало надвор. Фановите многу ме поддржаа, и колегите, а и новинарите. Никој не ми ја подметна песната, јас работам со истиот тим 15 години и сама одбирам што ќе пеам“, додаде пејачката, појаснувајќи дека станува збор за реге песна, а не за народна, како што се пишуваше.

„Сепак, предизвикувам внимание без да платам некому или да замолам да ме објават, па искрено, ми годи вниманието што го предизвика мојата нова песна“, заклучи таа, а целиот разговор можете да го погледете овде.

Извор и фотографија: Репортер



Врати се горе ↑