Настани

12 февруари, 2018

Елена Пренџова со кумановска промоција на својот „Мини прирачник за поезија“

Во вторник, 13 февруари, еден ден пред Денот вљубените, во 18.00 часот во просториите на библиотеката „Тане Георгиевски“ во Куманово ќе рецитираме љубовна поезија и ќе разговараме за поезијата со поетесата и слемерка Елена Пренџова, по повод објавувањето на книгата есеи „Мини прирачник за поезија“.

Воведна реч за делата на Пренџова ќе има поетесата Оливера Доцевска, која воедно ќе биде и модераторка на вечерта. Доцевска и Пренџова соработуваа како уреднички на Инклузивната антологија на современи македонски поетеси „Ова е моето последно молчење“ што излезе од печат во 2016 година во издание на издавачката куќа „Антолог“.



Врати се горе ↑