Македонија

20 март, 2019

Елена Пренџова со креативна работилница во Врање

Македонската поетеса и слемерка Елена Пренџова, по повод Денот на поезијата, ќе учествува на втората по ред манифестација „Борински литературни денови“, организирана од градот Врање и градската библиотека „Бора Станковиќ“, која ќе се одржи од 21 март до 23 март во Врање, Србија.

На вториот ден од манифестацијата, на 22 март, во просториите на библиотеката, поетесата Пренџова и поетот Немања Стојковиќ Блеки од Врање ќе менторираат книжевна работилница наменета за ученичките и учениците од повисоките одделенија од основните и сите класови од средните градски училишта.

Немања Стојковиќ Блеки

Целта на еднодневната работилница за креативно пишување е да се поттикне креативниот капацитет на младите во пишувањето. На работилницата ќе се работат поетските форми хаику и хаинаку.

Како дел од програмата, покрај креативната работилница на Пренџова и Стојковиќ Блеки, ќе бидат и неколку промоции на поетски збирки и поетски читања, меѓу кои и промоција на книгата „Заблудата на Св. Себастијан“ од Владимир Табашевиќ, добитник на престижната Нинова награда.



Врати се горе ↑