Настани

3 мај, 2018

Елена Пренџова ќе го промовира својот „Мини прирачник за поезија“ на Саемот на книги

Во рамките на штотуку започнатиот „Саем на книгата“ во Скопје, авторката Елена Пренџова в недела, на 6 мај, ќе ја промовира својата најнова книга „Мини прирачник за поезија“. Поетесата и слемерка ова дело првпат го претстави пред скопската публика во декември минатата година, а во јануари и февруари годинава и пред публиката во Битола, Прилеп и во Куманово.

На претстојната саемска промоција, која ќе започне во 12.00 часот, промотор ќе биде проф. д-р Мишел Павловски.

Јубилејниот, 30. по ред Меѓународен саем на книгата ќе се одржува од 3 до 9 мај во ВИП арената „Борис Трајковски“.



Врати се горе ↑