Македонија

5 април, 2017

Елена повторно во студио

Елена Ристеска пред само неколку дена го промовираше долгоочекуваното видео за дуетот со колегата Хари Варешановиќ, а се чини дека пејачката наскоро ќе нè почести со уште една нова песна. Имено, на социјалните мрежи таа сподели фотографија од студио, каде што друштво и прават долгогодишните соработници, продуцентите Дарко Димитров и Лазар Цветкоски, како и колешката и текстописец Магдалена Цветкоска Ена.

елена

Ова секако дека е одлична вест за нејзините обожаватели, кои дефинитивно нема долго да чекаат на нова песна, па и наследник на албумот „Без шминка“ од 2015 година, кој стигна цели седум години по неговиот претходник „Милионер“ (2008).

Додека го очекуваме новото музичко парче на Елена Ристеска, уживајте со еден од нејзините постари хитови, „Некаде далеку“!



Врати се горе ↑