Македонија erla

18 ноември, 2012

Елена напиша песна за Ламбе и Магдалена

Песната „Живеам за нас“, која Ламбе Алабаковски ја испеа синоќа на Скопскиот фестивал, е посветена на неговата свршеница Магдалена Јовчевска, пишува Вест. Неговата колешка и блиска пријателка Елена Ристеска го напиша текстот по празникот Голема Богородица, неколку дена откако Ламбе ја побара Магдалена за жена во манастирот Свети Јован Бигорски.

„Полно срце а во очи пламен, пот на дланки ладни како камен, само сакам да си тука, да ме будиш сите утра, за тебе ова срце чука”. Ова е извадок од текстот на песната. „Елена ја напиша за нас, инспирирана од свршувачката во Бигорски, и ни ја посвети приказната од текстот. Во моментот кога ја правевме, не беше наменета за Скопскиот фестивал. Но, подоцна со Елена и со нашиот продуцент Дарко Димитров одлучивме да ја испеам на Скопски” – изјавил Ламбе, кој по фестифвалскиот настап ќе замине на гости кај Магдалена во Детроит.

Посетата на САД за Ламбе ќе биде и приватна и работна. Како дел од плановите на неговата продуцентска куќа М2 се и серија концерти за нашите иселеници во Америка. „Песната освен љубовна, може да биде и патриотска, ме потсетува и на мојата љубов за Македонија” изјавил Ламбе додавајќи дека сè уште немаат конкретни планови за времето и местото на венчавката. Пред свршувачката, Ламбе и Магдалена, која во САД дипломираше на медицинскиот факултет, беа една година во врска. По свадбата, таа ќе се пресели во Македонија.

Во продолжение преслушајте ја песната која синоќа Ламбе ја испеа на Скопски Фестивал 2012.

 



Врати се горе ↑