Аудио 11066522_1043994372282221_5758681949110026300_n

12 март, 2015

Елена Миленковска порачува: „Сè во свое време“

Со малку поинаков звук и нов имиџ, Елена Миленковска ја претстави својата нова песна насловена „Сè во свое време“, која доаѓа како четврт сингл по претходно објавените Добар или лош“, Дојди со менеиЗнам. Пејачката и овој пат соработуваше со веќе докажаниот тандем Лазар и Магдалена Цветкоски, кои се потпишуваат како автори на музиката и текстот. Со овој сингл Елена храбро оди чекор напред најавувајќи малку поагресивен ар-ен-би стил и авангарден моден израз, кој го осмисли модната дизајнерка Тамара Стерјова со која соработува неколку месеци.

За промоција на „Сè во свое време“ е направена специјална фото сесија која ја отсликува атмосферата на песната, а на која освен со Стерјова, Елена соработува со Бобан Тодоровски (шминка и фризура) и со фотографот Кристијан Теодоров. Песната е претставена со текстуален видео запис, кој го направи Филип Пауновски, а како изгледа сето тоа можете да погледнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑