4 јули, 2014

Елена Миленковска го претстави видео записот за „Знам“

Младата пејачка Елена Миленковска деновиве го промовираше нејзиниот нов видео запис за темата „Знам“. Песната која е дело на Бертан Аслани (музика и аранжман) и Тони Зен (текст), и официјално го означи почетокот на соработката со БМА продукција, која ќе биде задолжена за нејзината музичка кариера. Екранизацијата на „Знам“ е во режија на Мерт Аслани, кој се погрижи овој потенцијален летен хит да има едноставен но ефектен видео запис, а како изгледа сето тоа можете да видите горе.



Врати се горе ↑