Македонија Elena Risteska

27 ноември, 2014

Елена како Есма во „Твоето лице звучи познато“

По одличните имитации на Северина, Нина Бадриќ, Џеј Ло, Бритни Спирс, Кристина Агилера, Харис Џиновиќ и Џеси Џеј, единствената Македонка во шоуто „Твоето лице звучи познато“ оваа недела ќе ја видиме како легендарната Есма Реџепова. Имено, како што пишува Прва ТВ, „освен што ќе ја имитира Есма, нејзината изведба на ’Зајди, зајди’ ќе расплаче многумина“.

Во минатонеделната емисија, Елена, Катерина Богичевиќ и Ненад Окановиќ ги имитираа познатите пејачки Џеси Џеј, Аријана Гранде и Ники Минаж, а нивната изведба на хитот „Bang Bang“ можете да ја прегледате овде.

Во овонеделната емисија Елена ќе изгледа вака:



Врати се горе ↑