Видео

28 јуни, 2019

Елена Јовческа и Далибор Ѓошиќ во еден глас: „Љубовта нè родила“!

Фолк-пејачите Елена Јовческа и Далибор Даки Ѓошиќ ја снимија својата прва заедничка песна која го носи насловот „Љубовта нè родила“, како најава за уште неколку дуетски песни и заеднички настапи во и надвор од земјава. Овој прв дует на Елена и Далибор си доби и соодветно видео што се снимаше на неколку локации во селото Прибилци, а го изработи екипата на продукцијата „Ин“.

„Презадоволен сум и мислам дека направив добар потег во смисла на дуетот со мојата колешка. Мислам дека песната ќе вроди плод, навистина е прекрасна, љубовна, македонска песна со преубав спот. Очекуваме позитивни критики и доста настапи“, рече Далибор и најави уште еден дует со Елена, но во помодерен стил.

„Најпрво да помине овој дует, да го промовираме заедно со Елена за Македонците насекаде во светот да слушнат за што станува збор, а за понатаму ќе оставам да ја стокмам песната до крај,  за да оставам квалитетен готов производ“, заклучи тој, а како изгледа и звучи неговиот прв дует со Јовческа дознајте во продолжение. Уживајте!

Извор: Вистина.мк



Врати се горе ↑