Видео

25 септември, 2017

Елена ја екранизираше својата „Текила со лимон“

Летото и календарски е завршено, а Елена Ристеска го заокружи со летно видео за летниот хит „Tequila & Lemon“, чиј микс беше објавен на почетокот на месец јуни, а сега можеме да ја слушнеме и оригиналната верзија на песната.

„Драги фанови и сите оние кои низ годините ја следат мојата работа. Со огромнo задоволство ви го најавувам моето најново видео за песната ’Tequila & Lemon’. Реализацијата на вакви проекти претставува долг и сложен процес, кој вклучува организација и координација на огромен број на луѓе одговорни за разни нешта. Од таа причина, ова видео не би постоело без неколку важни алки кои придонесоа да го реализираме.

елена 4

Секое музичко видео мора да има добра подлога, односно песна, а во случајов за ’Tequila & Lemon’, Дарко Димитров е тој кој се појавува како продуцент, композитор и аранжер, потоа ’Ефектив рекордс’ (Effective Records) од Русија, кои се издавачите на песната и спотот и промотери на истата за европски пазар, Милош Николиќ ја отсвире трубата, додека пак јас, самата се појавувам како текстописец.

елена 1

За реализација на видеото се одговорни многу лица меѓу кои особен придонес имаат: ’Клин кат продакшн’ (CleanCut Production), кои се всушност продукцијата која го изработи, потоа моите ’Битрикс кру’ (BeatrixCrew), кои како и секогаш се погрижија за одличната кореографија и за тоа одлично да изгледа самото дејствие.

елена 7

Секако, за мојата фризура и шминка се одговорни незаменливиот Даниел Николовски и Снежана, а за главниот стајлинг се погрижи Јелкица Поповска, додека за останатите стајлинзи јас и Битрикс. За топлото добредојде во Грција е одговорна мојата пријателка Славица, која несебично го згрижи целиот тим.

елена 3

Во видеото се појавуваат танчерите од Битрикс: Ивана Балабанова, Леонардо Хусеини, Мартин Иванов, Ана Марија Темелковска, Јана Петровска, Стефани Пецалевска, Андреа Дуковска, Мелани Монева и Зана Незири, а како статисти ги гледаме: Диме, Исидора, Ивана, Тамара, Филип, Серџо, Мерсиха, Ева, Бети, Маја и Никола. 

елена 6

За крај, посебна благодарност би им изразила на оние кои континуирано ја поддржуваат мојата работа: ’Кроација осигурување живот’, хотел & спа ’Парк’, ’Нисан’, ’ЛДБ – Прилеп’ и ресторан ’Лофт’. Елеонора Неделковска и Чичко Гала, ви благодарам од срце за константната пожртвуваност и професионалност“, напиша Елена објавувајќи го новото видео, а како изгледа сето тоа можете да погледнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑