Македонија 12661883_10153853965824871_8255150453060080985_n

31 јануари, 2016

Елена и Панчо снимаат видео запис за новиот дует

Една од песните кои се најдоа на неодамна промовираниот албум на Елена Ристеска, дуетската тема „Како да се радувам“ со Панчо од ДНК наскоро ќе добие и свој видео запис. Колегите ја соопштија веста споделувајќи фотографии на социјалните мрежи, а повеќе детали околу тоа се надеваме дека ќе дознаеме наскоро.

Пејачката периодов е мошне активна промовирајќи го својот нов албум, а во неодамнешното гостување во емисијата „Еден на еден“ откри и други интересни новитети, меѓу кои и тоа дека отвори своја продукција, а што сè имаше да каже Елена дознајте од самата емисија, која Ве очекува на овој линк.

И.Ј.



Врати се горе ↑