Аудио elena-panco

22 јануари, 2016

Елена и Панчо ќе ве научат „Како да се радувате“

По насловната тема од албумот „Без шминка“, кој Елена Ристеска го промовираше пред крајот на минатата година, деновиве на нејзиниот канал на Јутјуб беше објавена уште една од новите песни што се сместени на новото издание. Станува збор за темата насловена „Како да се радувам“, која пејачка ја сними во дует со Панчо од ДНК. Колегите се потпишуваат и како автори на текстот, а музиката, аранжманот и композицијата се дело на Дарко Димитров. Во видеото се прикажуваат фотографии од нејзината последна фотосесија, како и самата промоција на албумот, а како звучи и изгледа сето тоа можете да погледнете во продолжение. Уживајте!

Фотографија: Јутјуб



Врати се горе ↑