Видео елена3

18 јули, 2016

Елена и крушевските хармоникаши со одлична изведба на „Громови на душа“ од Тоше

На 26 јуни, во Спомен куќата на Тоше Проески во Крушево се одржа голем концерт на учесниците на „Крушевска работилница“ (Krusevo Workshop 2016), предводени од маестро Горан Алачки, а како специјална гостинка настапи македонската поп-дива Елена Ристеска.

елена4

„Секогаш кога пеам песни од Тоше имам кнедла во грлото и не знам дали ќе издржам да допеам до крај. Особено кога од другата страна во публиката ги гледате неговите најблиски. Солзите не можат да запрат, истовремено чувстувате и убавина во душата и гнев“, изјави пејачката за ова искуство.

елена5

Во придружба на крушевските хармоникаши, Ристеска отпеа 4 песни, меѓу кои и познатата „Громови на душа“, а токму овој настап е спакуван во одличен видео запис каде што се прикажани и убавините на Крушево. Како изгледа сето тоа можете да погледнете во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑