Македонија ер дк (2)

30 август, 2016

Елена и Даниел прогласени за најдобри македонски пејачи во Германија

Викендов во германскиот град Хамбурд се одржа годинешното доделување на музичките награди „Даф бама“, во чии рамки настапија и нашите познати пејачи Даниел Кајмакоски и Елена Ристеска, а се закитија и со награди за најдобри изведувачи од Македонија.

Кајмакоски беше номиниран и во категоријата за најдобар машки изведувач, заедно со  7 врвни имиња, како што се Алехандро Санз, Тицијано Феро, Мохит Чаухан, Ксавиер Наиду, Тамер Хосни, Дино Мерлин и Фархад Дарјано оваа статуетка отиде во рацете на Мохит Чаухан.

дк

„Секоја награда е доказ за успешната работа на еден артист, можеби материјалното значење е незначително, но затоа мотивацискиот фактор е многу важен кога ваквите интернационални награди се во прашање. Многу ми е драго што токму мене ме избраа фановите за претставник од Македонија и мислам дека добро си ја завршив својата работа на сцена и генерално со присуството во Хамбург“, изјави Ристеска за Телеграф.

elena

Пејачката во моментов е актуелна и со дуетот со Хари Варешановиќ, „Још ме плашиш“, кој наскоро ќе добие и видео запис, како и со настапите ширум Македонија. Таа деновиве одржа концерт во Пробиштип, а утревечер, 31 август (среда), заедно со колешката Викторија Лоба ќе пее на Широк сокак во Битола, на забавата по повод отворањето на почесниот руски конзулат.



Врати се горе ↑