Видео elena-esma

1 декември, 2014

Елена ги расплака и воодушеви сите во „Твоето лице звучи познато“

Во синоќешната епизода од шоуто „Твоето лице звучи познато“, Елена Ристеска имаше мошне тешка задача да ја имитира легендарната Есма Реџепова, но талентираната пејачка одлично се снајде во оваа улога и уште еднаш докажа дека има одличен вокал! Маскирана како Есма, Ристеска ја отпеа познатата македонска песна „Зајди, зајди“, а со својата интерпретација ги воодушеви и расплака сите присутни, како и гледачите пред малите екрани.

Пејачката и овој пат доби само пофални зборови и од сите колеги од музичката сцена, а особено воодушевена била и Јелена Карлеуша, која на својот профил на Твитер напишала дека оваа имитација е најдоброто што некогаш го слушнала. Нејзиниот настап Ве очекува овде.

 



Врати се горе ↑