Видео

10 јули, 2018

Елена Андоновска е „Босо моме“ со порака – „Кој што ме чуе да пеам“

Младата македонска фолк-пејачка Елена Андоновска го промовираше својот  музички албум насловен „Кој што ме чуе да пеам“. Изданието содржи десет композиции кои се преработки на македонски народни песни испеани од доајените на македонска изворна и новосоздадена песна: Васка Илиева, Вања Лазарова, Костадинка Палазова, Петранка Костадинова, Никола Бадев, Кирил Манчевски…

Аранжманите на песните ги изработи Александар Јовевски, давајки им современ и урбан израз, но тие сепак го задржале автентичниот македонски мелос. Во подготовката на албумот учествувале реномирани музичари од кои голем дел се членови на групата „Седенка“. Албумот е снимен во музичкото студио „Подрумот“ во  продукција на Ангел Ќосев.

Официјало од денес во продажба! :)#Којштомечуедапеам 💿💿💿

Gepostet von Elena Andonovska am Mittwoch, 4. Juli 2018

Обвивката на албумот ја изработиле Костадин Калошев – фотографија и Никола Николовски – задолжен за графичкиот дизајн.

Како лајт-мотив од албумот „Кој што ме чуе да пеам“, Елена неодамна го промовираше првиот синл и видео за песната „Босо моме“. Истиот е снимен во прекрасните предели на Западна Македонија и преубавата природа на Лазарополе, а видеото го потпишува „Арт продукција“.

Извор: Вистина.мк



Врати се горе ↑