Концерт elemental

14 ноември, 2013

Елементал со роденденски концерт во Скопје

Загребскиот бенд Елементал оваа година слави 15 години постоење. Формирани далечната 1998 година, како раперско трио со DJ, за после 15 години постоење со издадени шест албуми, да се претворат во еден од највлијателните регионални бендови, кои својот упсех го потврдуваат со големиот број квалитетни синглови, спотови, концерти и бројни награди доделени од страна на публиката.

Оваа есен Елементал се одлучија на еден од најамбициозните проекти во нивната кариера, во текот на ноември и декември 2013 година, ќе одржат концерти во најголемиот број од градовите ширум регионот во рамките на турнејата „У реду је – 15 години Елементал“. Иако бендот веќе години како свири по државите ширум поранешна Југославија, ова е прв пат концертите да се одржуваат под официјална/службена турнеа.

Покрај извонредните свирки и сјајната атмосфера која ги одбелжува концертите на Елементал, овој пат публиката ќе присуствува на сосема ново шоу. Идејата која стои позади концертите е да се прошета низ 15-те години делување на бендот, со нагласок на последниот албум „У реду је“ кој досега наиде на сјајни реакции од побликата ширум регионот. По концертите во Сплит, Загреб и Белград, бендот доаѓа во Скопје во клубот Хавана на 29.11.2013 година.

Влезници од утре, во ограничен број по претпродажна цена од 200 МКД, во Happy Caffe, Custom Pub и Caffe Ljubov.  За повеќе детали во однос на останатите потврдени датуми и турнејата на Елементал, посетете ја страната www.elemental.hr



Врати се горе ↑