Концерт 7955_10151571029489915_408291461_n

27 октомври, 2013

Елементал со концерт во Хавана

Хрватскиот состав Елементал на 29-ти ноември ќе одржи концерт во скопскиот клуб „Хавана“, кој ќе биде во рамките на балканската турнеја по повод јубилејот од 15 години постоење на бендот. Започнувајќи од 1-ви ноември групата ќе одржи концерти во повеќе градови низ Хрватска, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија.

Во соопштението за претстојната турнеја, Елементал го напишаа следното:

Оваа година славиме 15 години постоење! Уште во далечната 1998 година се собравме како рап трио со диџеј, а после 15 години и шест албуми, се претворивме во регионален бренд кој својот успех го потврдува со квалитетни синглови, видео записи, концерти и бројни награди од стручни лица и публиката. 

Оваа есен започнуваме еден од најамбициозните проекти во кариерата; имено, во текот на ноември и декември ќе одржиме концерти во градовите долж целиот регион, во рамките на турнејата „У реду је -15 година Елементала“. Иако веќе со години свириме низ државите од поранешна Југославија, ова е прв пат концертите да се одржуваат во рамките на официјална турнеја.

Покрај настапите и одличната атмосфера која секогаш ја имаме на концертите, овој пат публиката ќе дочека едно сосема ново шоу. Идејата која стои позади концертите е „прошетка“ низ 15-те години од делувањето на бендот, но со акцент на последниот албум „У реду је“, кој до сега наиде на одлични реакции од публиката во поширокиот регион.

За повеќе детали околу потврдените датуми кои секојдневно ги има сè повеќе, посетете ја адресата www.elemental.hr и Фејсбук страницата на бендот.“

Во продолжение уживајте со нивниот последен сингл „Проклета љубав“.

 



Врати се горе ↑