Концерт 16472949_1326095900747262_8024861460878268902_n

9 февруари, 2017

„Елементал“ на 18 март во Скопје

Популарната хрватска група „Елементал“ го носи своето шоу „Денот Е“ во Македонија, а овој славенички концерт е по повод 10-годишниот јубилеј од нивниот прв настап во Скопје. После сите успешни клупски концерти во изминатава деценија, за првпат пред своите фанови, на 18 март групата ќе одржи голем концерт во малата сала од ВИП арената „Борис Трајковски“.

Влезници се веќе пуштени во претпродажба во строго ограничен број и по супер промотивна почетна цена за првите 500 билети од 300 денари, потоа 400 денари во „Пола Југотон“ и добро познатите места на продажната мрежа „Купи карти за сè“.

Настанот е во организација на „Сан продукција“ и е со почеток од 20.30 часот.



Врати се горе ↑